
Џени и Горјан се едни од најголемите пријатели на децата што се згрижени во Центарот за згрижување деца од улица. Тие живеат во Австрија, но редовно доаѓаат кај своите мали пријатели носејќи им полни куфери облека, играчки, разни боенки, но и многу топлина и љубов.
Во Катеура , биску до Асунсион, главниот град на Парагвај , млади свират музика од Моцарт, Бетовен и од Битлси на инструменти направени од отпад .Тие се инзвонредниот Рециклиран Оркестар , во чии фанови се вбројуваат хеви метал легенди , Мегадет.
Со силна, моќна и добронамерна социјална и општествена порака во својата музика, „Бернајс пропаганда“ во исто време ја забавува својата публика, но уште повеќе ја поттикнува да мисли и да дејствува.
Ми беше непријатно што продавам на улица, па им се обраќав тивко на купувачи-те. Тие не ме ни слушаа, не ни застануваа, па сфатив дека така ништо не правам. Сега знам дека оваа работа е многу убава и чиста и морав да се потрудам „Лице в лице“, а и јас преку него, да успее – вели Ерџан со сериозност како да раскажува за работата на својот живот.
Минатата година, австискиот фотограф, добитник на награди, Јоаким Бергауер го започна својот убаво замислен, необичен и смел проект „Зар не можете да ме видите?” Насловот на оваа низа фотографии може да звучи краток на прв поглед, но зад него се крие многу повеќе – жени и мажи кои просат во Салзбург му дозволуваат на Бергауер да ги фотографира. „Овој проект се однесува на одлуката да се тргне погледот.”
Само што е напишан овој прилог, веднаш добива ненамерна актуелност. На почетокот на јануари беше откриен скандал за понатамошно донирање на органи, овој пат во клиниката Лејпциг. Постои загриженост дека во иднина луѓето сè помалку ќе бидат подготвени да донираат органи. Разбирлива е несигурноста и губењето доверба на потенцијалните донатори, но дали е во ред сега да се избегнува донирање на органи? Уличниот весник „Бодо“ од Дортмунд разговараше со една личност на која ѝ беше направена трансплантација.
Тој е легенда од филмското платно, а неодамна го имаше и своето деби како режисер на Quartet, филм за пензионирани членови на оперски квартет. Дастин Хофман отворено говори за сексот, дрогата, за славата – и за тоа како Денис Потер му го променил животот.
Минатиот месец ИНСП ексклузивно разговараше со шкотскиот автор Ирвин Велш кој целиот концепт со уличните весници го опиша како „едно од најголемите општествени достигнувања во последните 20 години.“ Се наоѓаше во родниот град Единбург, Шкотска, на посета од Чикаго, САД, кадешто сега живее. Велш говореше за својот најнов роман „Наркомани“, претходникот на класикот „Броење возови“ од 1993 година, како и за шкотската независност. А да, секако, по малку и за дрогата.
Колпортерите се вратија на улиците на Токио со изданија на The Big Issue Japan, штом редакцијата вети поддршка на сите колпортери погодени од земјотресот со јачина 9.0 што резултираше во цунами.
Листата што ќе следи во текстот е збир на можните последици и реакции на катастрофалниот земјотрес и цунами што го стресоа североисточниот брег на Јапонија, како и следствената криза на нуклеарните централи.
Поп ѕвездата Ени Ленокс денес се воодушеви од колпортерите на уличните весници коишто ѝ запеаја песна во канцелариите на Big Issue во Блантајер. Посетата на главниот град на Малави беше дел од нејзиното прво патување како именуван пратеник на шкотскиот парламент.